Реми во Порто, Вила победи во Болоња, Селта немоќна во Фрајбург
Вечерва се одиграа првите четвртфинални натпревари во Лига Европа. Фудбалерите на Астон Вила и Фрајбург обезбедија предност пред реваншите, додека дербито помеѓу Порто и Нотингем Форест заврши без победник. Реваншите ќе се играат следниот четврток. Дуелот помеѓу двата поранешни европски шампиони, Порто и Нотингем Форест, на стадионот „Драгао“ заврши







