Еден месец култура, уметност и спорт во Чаир! Од 1 јуни започнува „Културно лето 2026“
Општина Чаир го презентираше „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма со културни, уметнички, спортски и забавни активности за сите возрасти. Од 1 до 30 јуни, во Старата скопска чаршија и на различни локации во општината ќе се организираат настани со цел раздвижување на јавниот живот и промоција на локалната култура и традиција. Од Општина









