МЗТ Скопје доминантно до 13. пехар, честитките за Маџари!
МЗТ Скопје ја одбрани титулата, со максимални 3-0 ја доби финалната серија против дебитантот Маџари, откако на третата средба славеше со 74-80. И овој пат искуството на „сино-белите“ беше пресудно. Тимот од Аеродром дојде до 13-та титула во домашниот шампионат, сезоната ја завршува со сите можни пехари. Го освоија Купот на Македонија и Супер-Купот

