Без вода денес една скопска населба
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска (09.01.2026) поради уличен дефект ф-100мм на ул.1 бр.5 во Долно Лисиче, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Долно Лисиче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот.










