Деветтото издание на фестивалот „Џез фектори“ почнува во Битола на 15 април
Деветтото издание на фестивалот „Џез фектори“ ќе се одржи од 15 до 19 април. Оваа година ќе се одвива во Битола, Скопје, Демир Хисар и Охрид, собирајќи музичари од Франција, Израел, Албанија, Австрија, Унгарија, Полска, Црна Гора, Србија и Македонија. Програмата обединува концерти, едукативни содржини, промоции на книги и професионални средби, создавајќи










