Промоција на монографијата „Исповед за акварелот“: Три децении творештво на Снежана Илиева
Монографијата „Исповед за акварелот“, посветена на повеќедецениското творештво на ликовната уметница Снежана Илиева, ќе биде промовирана утре, 9 јуни, во 18 часот во Порта Македонија. Изданието претставува своевиден пресек на повеќе од три децении творење во техниката акварел и го одбележува јубилејот – 25 години од нејзината прва самостојна изложба









