Дина Дума ја доби наградата „Нора Ефрон“ на Трајбека за филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“
Македонската режисерка Дина Дума ја доби наградата „Нора Ефрон“ на Tribeca Festival за својот втор долгометражен филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, кој ја имаше светската премиера во рамки на фестивалот во Њујорк. Станува збор за специјално признание што се доделува на жена филмска авторка чија работа го отсликува духот и визијата на американската










