Со претставите „Мојот маж“ и „Ана – Непоправливата“ се затвора 51. МОТ
Со две претстави од меѓународната програма, вечерва, на 24 ноември, завршува 51. издание на Меѓународниот театарски фестивал МОТ, кој и оваа година го претвори Скопје во простор за средба на различни театарски јазици, естетики и сценски истражувања. Фестивалската завршница ја носи претставата „Мојот маж“ во режија на Марија Манганари, во продукција










