Денес роденден прославува нашиот легендарен гитарист Влатко Стефановски
Влатко Стефановски е роден во Прилеп на 24 јануари 1957 година. Тој е македонски рок, поп и џез музичар, основач на „Влатко Стефановски Трио“, и еден од основачите на групата „Леб и сол“. Влатко е роден во типично театарско семејство. Неговите родители, како уметници, често патувале, па така набрзо Стефановски се преселил во Скопје, во населбата Тафталиџе

