Џинго: Женската фигура ја третирам како олицетворение на совршена форма, затоа е и нејзината идеализација во моите дела
Александар Џинго е професор, ликовен уметник, илустратор, музичар и дизајнер од Прилеп, кој ја живее уметноста како единствен јазик и длабока духовна потреба. Професор по ликовна уметност во средните училишта во Прилеп, активен член на Друштвото на ликовните уметници од Македонија, автор на бројни самостојни и групни изложби и учесник на ликовни колонии,




