„Сонцето, колку е блиску сонцето“ ќе биде аудиовизуелно патување низ 80-те години на МНТ
Во пресрет на 80 години од постоењето на Македонскиот народен театар, 29 декември (понеделник), на големата сцена, премиерно ќе биде изведен сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“, во режија на Дејан Пројковски. Претставата е спој на минатото и сегашноста преку клучните вредности на МНТ – љубов, умeтничка храброст, посветеност,






