Сиљановска-Давкова: Хидробиолошкиот завод е првата линија на одбрана во борбата против климатските промени
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на свечената академија по повод 90-годишнината од основањето на Хидробиолошкиот завод – Охрид, најстарата македонска научно-истражувачка институција, формирана во 1935 година од академикот Синиша Станковиќ. Таа ја истакна незаменливата улога на Заводот во проучувањето, заштитата и афирмацијата