РК Охрид е во финале на Европскиот Куп после драмата на пенали
Ракометарите на Охрид го остварија најголемиот успех во клупската историја откако се пласираа во големото финале на Европскиот Куп. На реваншот одигран во преполната сала „Билјанини извори“, Охриѓани го совладаа словенечки Целје на пенали 4-3 откако во основниот дел резултатот беше 25-24. Охрид не памети ваква ракометна кулминација на една сезона.










