Пелагониските производители бараат дополнителни 5 денари за килограм пченица
Производителите на пченица од Пелагонија бараат итна поддршка од државата поради ниската откупна цена на пченицата. Тие предлагаат преку Интервентниот фонд да се обезбедат дополнителни 5 денари за секој откупен килограм, со што би се подобрила исплатливоста за земјоделците кои годинава пченицата ја продале по цена од само 9,5 до 10 денари за килограм







