Симон Трпчески со врвни музичари приреди две незаборавни вечери во Скопје
Македонската филхармонија на 2 и 3 ноември беше исполнета до последното место. Големиот интерес за „Камерен музички десерт“ резултираше со распродадени билети за двата концерта, на кои Трпчески настапи заедно со врвни музичари од неговиот уметнички круг. Публиката имаше можност да слушне дела од Фредерик Шопен, Едвард Григ, Гијом Конесон, Панде Шахов









