Расел најбрз во Холандија, Антонели само шести
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за спринт трката во Формула 1 во Зандворт. Британецот го извози најбрзиот круг во квалификациите за спринт со време од 1:11.567 и за само 41 илјадити дел од секундата го надмина својот сонародник Ландо Норис од Мекларен. Третото место му припадна на возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој беше само






