Шикова – Димовска: Романот „Повторно роден“ е напишан според вистинска животна приказна, со сопствена тежина, но пренесена на едноставен, лесно разбирлив јазик
Охрид, 22. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа, во lounge барот „Долна порта“ во центарот на Охрид, беше промовирано новото книжевно остварување на Марина Шикова – Димовска, романот „Повторно роден“, во издание на ПНВ Публикации од Скопје. Книгата е создадена според вистинска животна приказна, која во себе носи многу искушенија, многу душевни превривања,


