АК Олимп со шест шампионски титули
Атлетичарите на АК Олимп од Битола освоија шест шампионски титули и едно вицешампионско место на Националното првенство во крос-кантри, одржано во Скопје. Со медали во седум различни категории, од пионерска до сениорска конкуренција, клубот оствари значаен успех со повеќе генерации атлетичари. Во сениорската конкуренција, Олимп ги освои двете национални

