Рома загуби од Џенова и пропушти шанса да се доближи до врвот во Серија А
Рома синоќа загуби со 2:1 од Џенова во натпревар на гости од 28. коло на италијанското фудбалско првенство. Стрелци на головите за домаќините беа Витиња и Жуниор Месиас. За римскиот клуб погоди Еван Н'Дика. Рома е петта на табелата во Серија А со 51 бод. Тимот од Рим пропушти шанса со победа да се доближи до врвот. Џенова, со 30 бода, е 13-та на табелата






