Проданоски: Четири децении Мариовско-мегленските културни средби го негуваат духот и наследството на Мариово
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот јубилеј – 40 години од манифестацијата „Мариовско-мегленски културни средби“, што се одржа во манастирот „Св. Илија“ во Мариово. На настанот, заедно со пратеници од Прилеп, членови на Советот на Општина Прилеп, директори на јавни институции, претставници






