Планината секогаш враќа повеќе отколку што бара, вели Виктор Калаузи кој се искачи илјада пати на пелистерскиот врв Антена
Искусниот битолски планинар Виктор Калаузи по илјадити пат пеш се искачи на врвот Антена (2.601 метар) на Пелистер. Тој речиси пет децении педантно ги бележи своите планинарски тури, а вчераго запиша и јубилејното илјадито искачување на највисокиот пелистерски врв. Но, за него ова не е трка по рекорди. Јубилејот го одбележа скромно, со неколку пријатели








