Домен го сруши рекордот на Петер за нова победа во Светскиот куп
Словенецот Домен Превц доминираше на леталницата во Кулм, во натпревар кој е дел од Светското првенство. Превц победи со нов рекорд на леталницата, кој сега изнесува 245,5 метри. Во првата серија, Домен Превц забележа скок од 238 метри, два и пол метри пократок од Австриецот Стефан Ембахер, но имаше подобри оценки и беше на првото место по првата серија





