Починат маж пронајден во напуштен објект во Аеродром – до него е пронајден пиштол
МВР информира дека вчера попладне во 16:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат М.К.(38) од Скопје, а до него бил пронајден пиштол. Од страна на лекар била констатирана смрт. Имено, тој на 03. овој месец бил пријавен дека се оддалечил од домот.









