Претовар, некористење церада и технички неисправни возила: МВР санкционираше 37 возачи
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека вчера на територијата на целата држава се спроведе засилена акциска контрола насочена кон возачите на товарни моторни возила, при што се изречени 37 прекршоци. Акцијата се одвивала од 9 до 14 часот и била реализирана преку Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот









