Убави јажиња
1 По 35 години од прогласувањето независност, гледаме дека државата ни се претвори во елементарна непогода. Не ни пречи дека ни е загадена почвата. Не ни пречи дека ни е загаден воздухот. Сега веќе не ни пречи и дека ни е загадена водата. Дека не ни се сигурни дискотеките, автобусите, болниците, жичниците, градилиштата, фабричките мензи… Дури и парите

