Домот на Ранко Струмениковски пет години живее како галерија и музеј
Од семејна куќа до музеј. Поранешниот дом на ликовниот уметник Ранко Струмениковски веќе пет години функционира како галерија, музеј и графичко ателје. Струмениковски бил истакнат македонски ликовен уметник и прв графичар во Битола. Со својата работа значајно придонел за визуелниот и културниот идентитет на градот, оставајќи зад себе бројни креации




