Без вода утре дел од едно скопско маало
ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Дебар Маало. Од таму информираат дека поради уличен дефект ф-80мм на улицата Црвена Вода 9, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.





