Продолжува обновата на детските и на спортските игралишта во Аеродром
Од Општина Аеродром информираат дека продолжуваат со засилено темпо да ги обновуваат детските и спортските игралишта на нејзина територија, затоа што, како што велат, секое маало заслужува безбеден, уреден и модерен простор за игра, дружење и рекреација. – Паралелно со санацијата на игралиштата, ја обновуваме и урбаната опрема, со што јавните површини


