Ѓоковиќ е феномен, сега сервира побрзо отколку пред десет години
Податоци на еден француски интернет портал специјалиран за тенис, покажуваат дека на 38-годишна возраст, Новак Ѓоковиќ има поголема брзина на сервис отколку што имал пред една деценија. Ова може да се смета за клучен фактор во неговата континуирана конкурентност во елитата на светскиот тенис, иако неговите главни ривали се значително помлади од него

