ССМ денеска ја спроведе третата и последна од најавените блокади на институции: Ако до крајот на февруари не се постигне согласност во март ќе има генерален штрајк
Сојузот на синдикатите денеска ја спроведе третата, воедно и последна од најавените блокади на институции. Пред Владата повторно го истакна барањето за измени на Законот за минимална плата, со цел минималецот да достигне 600 евра, а останатите плати да се зголемат за по 100 евра. Од ССМ велат дека оставаат простор за договор до крајот на февруари.










