Мицкоски: Опозицијата е изгубена во своето политичко мочуриште, но криви, ни должни го мешаат моето семејство
Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад хоминем напади да се догребе до некоја сламка за спас, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги обвинувањата од опозицијата за користењето на владиниот авион. Мицкоски во „Само интервју“ на ТВ Канал 5 посочи дека секој кој имал потреба и го запазил










