Театар Пи ја донесе радоста на сцената како заеднички јазик
Повеќе од 15 години Театар Пи гради простор во кој уметноста не е привилегија, туку можност за заедничко создавање, а синоќешниот настан во Центарот за култура „Ѓорче Петров” беше уште една силна потврда за тоа. Преку изложба на фотографии и концерт со авторска музика, лица со интелектуална попреченост застанаа на сцена заедно со професионални музичари,








