Базенот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе работи летово, реконструкцијата започнува од есен
Базенот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје наесен комплетно ќе се реновира. Поради тоа ќе треба да биде затворен подолг период. Ова го најави директорот Даниел Апостоловски кој објасни дека во моментов се прави проектот за реконструкција, по што ќе треба да се распише тендер за изведувач. Тоа значи дека летово базенот ќе работи, а градежните




