Гледач погоди судијка со топка, Дончиќ го „избрка од сала“
Лука Дончиќ игра во сензационална форма па синоќа со 40 поени ги растури Сакраменто Кингс во триумфот 116-103 на ЛА Лејкерс. Дончиќ имаше уште и 9 скока и 7 асистенции. Во еден момент еден гледач од прв ред зад кошот, посилно од што треба ја фрли топката кон судијката и ја погоди. Редарите го избркаа без размислување од сала.



