Гинис го потврди историскиот подвиг на Сашко Кедев: Македонецот е најстариот алпинист кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри!
Историскиот подвиг на македонскиот кардиолог и алпинист д-р Сашко Кедев доби официјално признание од Гинисовата книга на рекорди. Кедев е впишан како најстар алпинист кој ги искачил сите 14 планински врвови во светот повисоки од 8.000 метри, со вистински искачувања до нивните највисоки точки. Овој извонреден успех го комплетираше на 20 јули 2025 година,

