Германската централна банка очекува нагло зголемување на инфлацијата на преминот од годината
Германската централна банка (Bundesbank) очекува инфлацијата во Германија „нагло“ да се зголеми на преминот од годината. Инфлацијата би можела да остане близу до сегашното ниво до крајот на годината, бидејќи намалувањето на даноците на горивата сè уште ги држи цените под контрола, се наведува во месечниот извештај на банката објавен во четвртокот.










