МВР со детали за сообраќајката на пешачки кај „Зебра“: Повредено 22-годишно лице
МВР соопшти детали за сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи на улицата Васил Ѓоргов кај ТЦ „Зебра“, кога беше удрен пешак . Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во незгодата учествувале патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (54) од Скопје и пешак Л.С.(22) од селото Кондово.








