Фудбалерките до 17 години со победа ги отворија квалификациите во Струмица
Македонската женска репрезентација до 17 години триумфално го почна настапот на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство – Б лига што се одржува во Струмица. Избраничките на Катерина Милеска во првото коло ја совладаа селекцијата на Грузија со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Елена Наумоска во 70. минута од натпреварот



