Меѓународен конкурс за стрип во рамки на Стрип салон „Велес 2026“
Во рамки на подготовките за 23. Меѓународен стрип салон „Велес 2026“, кој се смета за најзначајната стрип манифестација во Македонија, е распишан меѓународен конкурс за стрип на кој право на учество имаат автори од целиот свет. Конкурсот е дел од традиционалните активности на Салонот и се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура



