Престрелка на фестивал во Швајцарија
Повеќе лица се повредени во престрелка што рано утрово се случила за време на техно-фестивал во швајцарскиот град Арау. Полицијата сè уште утврдува што точно се случило, а засега не е познато дали има загинати, ниту кој пукал. Пукотниците биле испукани околу 3 часот наутро на просторот на хиподромот Шахен, каде што се одржувал фестивалот „Арау Рејв“










