Јавори, јасени, липи, софори и сливи: 180 листопадни садници ќе го разубават Карпош во рамки на есенската акција за пошумување
Општина Карпош утрово информираа дека во рамки на есенската акција за пошумување, ќе бидат засадени 180 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации низ општината. „Во текот на денешниот и утрешниот ден, околу 60 нови дрвја ќе го разубават Карпош 1 и Карпош 2, а акцијата ќе продолжи и во останатите урбани и месни заедници“, наведуваат од Општината

