Мицкоски подготвен за средба со синдикатот и потпишување на договорот за државните службеници
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека е подготвен за средба со синдикатот и финализирање на колективниот договор за државните службеници. Тој нагласи дека услов за преговорите е отстранување на делот за плати од Општиот колективен договор, кој, како што посочи, е збунувачки и бара дополнителни преговори. „Јас сум секогаш подготвен за средба









