Паднало од електричен тротинет: тешко повредено 12-годишно девојче од Богданци
Синоќа во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош Гевгелија за укажување на лекарска помош била донесена 12- годишна малолетничка од Богданци. Таа се здобила со тешки телесни повреди при пад од електричен тротинет на ул. „Васо Марков“ во Богданци. Увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.




