Двајца тинејџери добија нови коски на стапалата преку трансплантација од починат дарител
Четиринаесетгодишно девојче и тринаестгодишно момче добија нови коски преку трансплантација на коска од починат дарител, соопшти Министерството за здравство. Трансплантациите беа изведени на Клиниката за ортопедија, од каде велат дека користењето кадаверични коскени трансплантати има огромно значење во детската ортопедија оти се избегнува нова хируршка










