Подобри сестри не можевме да бидеме, велат актерките Верица Недеска, Дарја Ризова и Наталија Теодосиева
Претставата зборува за желбата за подобро утре, како иднината ја гледаме на други места или дека таму некаде и за мене постои подобро место, како што би рекла Маша. Тоа е главната појдовна точка или укотвеноста, затапеноста во место и како фамилија која некогаш важела за интелектуална и не може да се откорне од минатото – вели актерката Наталија Теодосиева










