Тешко ќе биде – Македонија ги откри конкуренците во Лигата на нации.
Фудбалската репрезентација на Македонија, во Брисел, ги дозна своите нови противници за следниот циклус во Лигата на нации. Оваа година, по прв пат од основањето на ова натпреварување во организацијата на УЕФА, нашата репрезентација ќе учествува во Б-дивизијата. Македонија е сместена во Групата 1, заедно со селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија










