„Умен поткаст“, епизода #19: Ана Стојаноска, уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“
Во првата епизода за 2026 година на „Умен поткаст“ наша гостинка е Ана Стојаноска, театролог, писателка, професорка, уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Со неа разговараме за значењето на овој фестивал, за спремањето на 60. издание, но и за театарот, воопшто. Стојаноска е интересен соговорник на многу теми, театарот е нејзина



