Лиценцата и фирмаријата за „Пулс“ се подмирувале преку „Класик ДМ“ и „ММММ“
На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку правните субјекти „Класик ДМ“ и „ММММ“. Рашков појасни дека Општината нема надлежност за издавање лиценци за ноќни клубови или кабареа










