Борко Ристовски: Каратето не е олимписки спорт, но со овој успех одиме во вистинскиот правец
Министерот за спорт, Борко Ристовски, ги пречека младите македонски каратисти, кои со голем успех настапија на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У-21, одржано во Лимасол, Кипар. На овој европски шампионат, најзначаен резултат постигна македонскиот репрезентативец, член на карате клубот Олимпик, Матеј Белистојаноски, кој ги освои










