Винсент Касел се приклучува на четвртата сезона на „Белиот лотус“
Францускиот актер Винсент Касел ќе глуми во четвртата сезона на популарната серија „Белиот лотус“ на „Ејч-Би-О“. Меѓу последните имиња кои се приклучија се и Корентин Фила и Надја Терецкиевич. Претходно беше објавено дека новата екипа ја сочинуваат актери како Хелена Бонам Картер, Сандра Бернхард, Стив Куган, Мариса Лонг, Дилан Енис и Крис Месина.

